ЗА НАС
БОНПЕТ ДООЕЛ Македонија е официјален претставник на BONPET системите во Република Македонија, специјализиран за иновативни и докажани противпожарни решенија со
јасна мисија – заштита на човечки животи, имот и животната средина.
Со повеќе од 8.000 успешно изгаснати пожари, системите што ги нудиме претставуваат сигурно и ефикасно решение во критични ситуации, кога секоја секунда е од клучно значење.
Нашите производи се базирани на уникатна формула на водена основа, која обезбедува висока ефикасност при гасење, активно лади и спречува повторно палење, при што е целосно безбедна за луѓето, животните и животната средина.
Ние како БОНПЕТ веруваме дека вистинската безбедност оди рака под рака со одговорност кон природата. Затоа нашите решенија се еколошки прифатливи и погодни за употреба во домови, деловни објекти и индустриски капацитети.
Наши вредности:
Ориентираност кон клиентите – вашата безбедност е наш приоритет
Постојано унапредување – вложуваме во развој и иновации
Процеси без грешки – работиме со прецизност и јасна стратегија
Соработка со домашни компании и институции – заедно со реномирани фирми во Македонија градиме силна мрежа за превенција и заштита од пожари
Заштита на луѓето и животната средина – безбедноста на денешните и идните генерации е наша обврска
Нашиот квалитет и професионалност се потврдени преку сертификати
и препораки, а нашата визија е јасна постојан раст, проширување и позиционирање како доверлив партнер на вашите домови и компании.
Кога станува збор за заштита од пожари, БОНПЕТ не нуди компромиси – нуди сигурност.